Зачини го патешествието со ...

  • Авантури во природа

    Авантурата се состои од возбудата што ти ја предизвикува непознатото! Почувствувај ја таа возбуда откривајќи го реткиот раститетелен вид наречен Гол човек или истражувајќи ја патеката кон познатиот Дупен Камен. Задлабочи се во тајните на пештерата Капка или посакај си желба на водопадите во Дошница :) Посакај да дојдеш повторно. Повеќе >

  • Сензационални вкусови

    Гевгелија е дом на сензационални вкусови! Тука со векови се среќаваат медитеранските вкусови, континенталната кујна и ориенталните специјалитети и зачини, правејќи волшебен спој за сечие непце. Доживеј ја Гевгелија низ вкусот на смоквите, маслинките, сирењата, виното, неверојатните пити, ајварот, магичните зачини… и само уживај! Повеќе >

  • Забава и возбуда

    Иако е мал град, Гевгелија ќе те изненади со својот пулсирачки и возбудлив културно-забавен живот. Биди дел од традиционалните културни настани, модерните случувања, фестивалите, културните манифестации или пак, вибрантниот ноќен живот и шармот на казината. Биди едно со духот на градот и луѓето што живеат во него! Чувствувај се како дома! Повеќе >

  • Здравје и убавина

    Во последната деценија, Гевгелија прерасна во регионален центар за здравје и убавина. Термалните бањи, спа центрите, најсовремените салони за убавина и модерните стоматолошки ординации ја прават привлечна дестинација за туристите од Македонија и странство. Почувствувај ја и ти убавата страна на Гевгелија. Повеќе >

  • Истражување на потеклото

    Дојди во регионот што е крстосница на културите и народите, сместен во лулката на европската цивилизација. Во регионот на Гевгелија се пронајдени остатоци од различни периоди од праисторијата, тука поминале многу војски и живееле народи кои оставиле неизбришливи културни и историски траги, кои можеш да ги посведочиш и до денешен ден. Дојди и откриј го потеклото на овој крај! Повеќе >

Настани

СРЕЌНА НОВА 2024

ГОЛЕМ БРОЈ ГЕВГЕЛИЧАНИ ВО ПРЕКРАСЕН АМБИЕНТ ЈА ДОЧЕКАА ЗАЕДНИЧКИ НОВАТА ГОДИНА Повеќе >

ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 7 НОЕМВРИ - ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ ГЕВГЕЛИЈА

7 НОЕМВРИ - ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ ГЕВГЕЛИЈА Повеќе >

All rights reserved by Municipality of Gevgelija