Spice up the journey
Авантурата се состои од возбудата што ти ја предизвикува непознатото! Почувствувај ја таа возбуда откривајќи го реткиот раститетелен вид наречен Гол човек или истражувајќи ја патеката кон познатиот Дупен Камен. Задлабочи се во тајните на пештерата Капка или посакај си желба на водопадите во Дошница :) Посакај да дојдеш повторно. View more >
Гевгелија е дом на сензационални вкусови! Тука со векови се среќаваат медитеранските вкусови, континенталната кујна и ориенталните специјалитети и зачини, правејќи волшебен спој за сечие непце. Доживеј ја Гевгелија низ вкусот на смоквите, маслинките, сирењата, виното, неверојатните пити, ајварот, магичните зачини… и само уживај! View more >
Иако е мал град, Гевгелија ќе те изненади со својот пулсирачки и возбудлив културно-забавен живот. Биди дел од традиционалните културни настани, модерните случувања, фестивалите, културните манифестации или пак, вибрантниот ноќен живот и шармот на казината. Биди едно со духот на градот и луѓето што живеат во него! Чувствувај се како дома! View more >
Во последната деценија, Гевгелија прерасна во регионален центар за здравје и убавина. Термалните бањи, спа центрите, најсовремените салони за убавина и модерните стоматолошки ординации ја прават привлечна дестинација за туристите од Македонија и странство. Почувствувај ја и ти убавата страна на Гевгелија. View more >
Дојди во регионот што е крстосница на културите и народите, сместен во лулката на европската цивилизација. Во регионот на Гевгелија се пронајдени остатоци од различни периоди од праисторијата, тука поминале многу војски и живееле народи кои оставиле неизбришливи културни и историски траги, кои можеш да ги посведочиш и до денешен ден. Дојди и откриј го потеклото на овој крај! View more >
All rights reserved by Municipality of Gevgelija