Зачини го патешествието со...

Авантурата се состои од возбудата што ти ја предизвикува непознатото! Почувствувај ја таа возбуда откривајќи го реткиот раститетелен вид наречен Гол човек или истражувајќи ја патеката кон познатиот Дупен Камен. Задлабочи се во тајните на пештерата Капка или посакај си желба на водопадите во Дошница 🙂 Посакај да дојдеш повторно.

ПРИРОДНИ АТРАКЦИИ

Дива Убавина

Авантурата се состои од возбудата што ти ја предизвикува непознатото! Почувствувај ја таа возбуда откривајќи го реткиот раститетелен вид наречен Гол човек или истражувајќи ја патеката кон познатиот Дупен Камен. Задлабочи се во тајните на пештерата Капка или посакај си желба на водопадите во Дошница :) Посакај да дојдеш повторно.

ПЛАНИНАРЕЊЕ И ПЕШАЧЕЊЕ

Придвижи ги планините

Гевгелискиот хоризонт е полн со возбуда! Фрли еден адреналински поглед кон врвовите што го запираат здивот и тргни нагоре! Без разлика на тоа дали си љубител на обични прошетки, планинарење, планински велосипедизам или скијање, планинските врвови чекаат да ги освоиш!

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Адреналинска панорама

Запознај се со планините на Гевгелија во прво лице! Искуси ги терените, патеките и недопрената природа на незаборавна тура на велосипед низ планина! Тоа е одличен начин да го дишеш најубавиот кислород на буковите и еловите шуми и да ги наполниш батериите. Подготви ги ранецот, опремата и искористи ја шансата да бидеш поблиску до топлото гевгелиско сонце.

ПАРАГЛАЈДЕРСТВО

Во лет со орлите

Небото над Гевгелија е посебна приказна! Летот со параглајдер од стрмните височини до питомата долина е искуство што се памети цел живот! Доживеј го пејзажот над медитеранскиот град сместен меѓу планински врвови од една поинаква перспектива. Приказната за Гевгелија може да се раскажува и од високо!

ЛОВ

Повик на дивината

Ловните туристи имаат посебна причина да го посетат гевгелискиот регион. Ловиштата што нудат одлични природни услови, стабилни концесионери и богат фонд на дивеч се вистинска атракција за љубителите на ловот. Сместувачките објекти со богата традиција, обучениот кадар и квалитетните ловностопански објекти се причина плус Гевгелија да се биде новата омилена дестинација на ловните туристи.

РИБОЛОВ

Водени приказни

Замисли си бисерно чисти водотеци со изобилство од риба! Тие се реалност во Гевгелија! Нема подобро место за модерните рибари кои се во потрага по нови риболовни локации. Препушти ѝ се на риболовната авантура во регионот со голем хидро-потенцијал и богат рибен фонд. Отвори ја риболовната карта на Гевгелија и подготви ја јадицата!

All rights reserved by Municipality of Gevgelija