Дива убавина

Природни атракции

Природни атракции

Почувствувај ја моќта на недопрените предели, ендемичните растителни видови, необичните споменици на природата, мистичните пештери, прекрасните реки и водопади… Гевгелија ќе те изненади со свежиот здив на природата! Вдиши длабоко, те чекаат нови неверојатни глетки под гевгелиското сонце!

Дрво ,,Гол Човек", Кожуф

Ова дрво кое во Македонија го има на падините на планината Кожуф, се наоѓа на патот од Гевгелија кон Смрдлива Вода. По патот ќе забележите повеќе вакви дрвја од видот ,,Arbutus andrahne", кои стојат на самиот раб од земјата.
За да не се збуните, овој тип на дрвја не е ендемски вид. Овој вид на дрво е заштитен со закон во другите држави каде е застапено и спаѓа под зимзелени дрвја. Ова е единственото зимзелено дрво кое два пати годишно го менува своето црвеникаво стебло.

Наречено е ,,Гол Човек" бидејќи стеблото нема кора, а составено е само од срцевина. Има боја на човечка кожа, но бојата ја менува зависно од сезоната. Кога ќе го допрете дрвото, имате чувство како да допирате човечка кожа.

Посебен феномен што се јавува кај овој дрвен вид се манифестира во три фази. Првата фаза се јавува на почеток на летниот период кога крваво црвената боја на кората пука и голиот човек започнува да се лупи. Овој особено декоративен дел трае околу месец дена. Штом заврши лупењето на кората, голиот човек добива нова боја која всушност наликува на кожата од човекот по која видот го добил народното име. Истата е бледо бела и трае некаде кон почетокот на есента кога по кората почнуваат да се формираат флеки со црвено румена боја која постепено целосно ке го освои целото стебло. Во народните преданија владее мислење дека оној кој ке ја допре бледо белата боја на дрвото од голиот човек ќе биде бел како него. Преку зимата голиот човек има особено декоративно црвено крвава боја.

Пештерата ,,Капкa “ во Морето на Кожуф планина

Пештерата Капка се наоѓа на оддалеченост од 6.5км од туристичкиот локалитет Смрдлива Вода. До неа се стигнува пешачејќи низ кањонот на реката Цреша и низ длабока и густа букова шума во недопрената природа.
Отворот на пештерата е со широчина од 2м. и висина од 1.20м. Внатре се простира на површина од околу 150 квадратни метри и со висина до 10м.bВнатре во пештерата може да се видат пештерски украси како сталактити, сталагмити “пештерски хиероглифи” кои се создаваат од минералите и правта. Во пештерата може да се сретнат и лилјаци и некои видови на габи, кои сеуште не се истражени доволно, и не се препорачуваат за собирање.

Локација: Делницата Гевгелија-Кожуф, по патот покрај Конска Река

Сместување: Планинарски дом Томе Шутов с.Конско со капацитет од 20 легла + опција за кампување во дворот на планинарскиот дом.

Водопад над Смрдлива вода

Водопадот се наоѓа на 650м. од Смрдлива вода и до него се доаѓа по планинарска патекакоја води низ голема букова шума.Водопадот се создава од водата која извира некаде на околу 1600м. од под Сува Рупа илипоточно од месноста Золјет Рид, а подолу се влива во реката Цреша со што во Смрдливавода се спојуваат со река Сливка и ја создаваат Конска река.Долната точка на водопадот каде што посетителите можат да дојдат се наоѓа на 900м.височина, и од овде се гледа падот на водата по вдлабнатите карпи.Овој водопад долги години беше непознат за нашите граѓани, но во 2015та година поиницијатива на еден наш сограѓанин, членовите на Планинарскиот Клуб Кожуф отворијапатека од Смрдлива Вода до водопадот, и истата беше маркирана со планинарски ознакии патокази, се со цел полесен пристап до него за сите љубители на природата. По некои извори водопадот е висок 100м и е еден од највисоките водопади во Македонија.

Водопад с. Сермерини

Водопадот се наоѓа на 650м. од Смрдлива вода и до него се доаѓа по планинарска патекакоја води низ голема букова шума.Водопадот се создава од водата која извира некаде на околу 1600м. од под Сува Рупа илипоточно од месноста Золјет Рид, а подолу се влива во реката Цреша со што во Смрдливавода се спојуваат со река Сливка и ја создаваат Конска река.Долната точка на водопадот каде што посетителите можат да дојдат се наоѓа на 900м.височина, и од овде се гледа падот на водата по вдлабнатите карпи.Овој водопад долги години беше непознат за нашите граѓани, но во 2015та година поиницијатива на еден наш сограѓанин, членовите на Планинарскиот Клуб Кожуф отворијапатека од Смрдлива Вода до водопадот, и истата беше маркирана со планинарски ознакии патокази, се со цел полесен пристап до него за сите љубители на природата. По некои извори водопадот е висок 100м и е еден од највисоките водопади во Македонија.

Белиот Рај

На само 15 минути од село Миравци, во падините на Кожуф ќе го најдете излетничкото место именувано како „Бел Рај“. Миравци е рамничарско село сместено во северниот дел на Гевгелиско-валандовската котлина. Лоцирано е од десната страна на реката Вардар, на 110 метри надморска височина и на 24 km оддалеченост од Гевгелија.

Со самото пристигнување на локацијата ќе наидете на стар мост за кој се вели дека е изграден за време на отоманското владеење. Мештаните го нарекуваат „Бел Мост“, а во непосредна близина на мостот има изградено ресторан кој го добива името „Бел Рај“. Местото нуди и незаборавна можност за пливање во природни базени создадени од течение на река помеѓу карпи. Па освен што ќе бидете на чист планински воздух ќе имате можност и за капење. ( слика од терен што сликавте вие)

Длабок дол

Местото наречено Длабок Дол се наоѓа во пазувите на планината Кожуф. Длабок Дол се наоѓа на 10 километри од градот Гевгелија, на патот што води кон Смрдлива Вода, по локалното излетничко место Сифулајка. Вреди да се спомене дека во околината на Длабок Дол може да се види реткото дрво Arbutus andrachne, кое го има само на падините на Коњска и Црна река во Македонија. Оваа локација е ретка природна убавина која дефинитивно вреди да се посети во текот на животот!

Сифулајка

Вировите на Кожуф!
По течението на реката Сифулајка во падините на Кожуф планина природата создала дестици природни базени кои гевгеличани ги оплемениле и ги направиле излетнички места за уживање преку текот на целата година. Првиот вир, наречен Сифулајка се наоѓа на 6-7 километри од градот Гевгелија, на патот што води кон Смрдлива Вода. Овие локации се ретка природна убавина!

All rights reserved by Municipality of Gevgelija