ПРОМОЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ГЕВГЕЛИЈА ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ „GEVGELIJA - SPICE UP THE JOURNEY“

На граничниот премин „Богородица“ каде веќе неколку недели се врши активна промоција на туристичките потенцијали на нашиот град.
Неодамна заедно со сите туристичките чинители беше креиран туристичкиот идентитет со слоганот „Gevgelija – Spice up the journey“, кој денес претставува важен елемент за туристичка промоција на нашиот град.
Акцијата се спроведува во соработка со ОО Црвен крст- Гевгелија на Граничниот премин “Богородица”, каде млади волонтери со делење на промотивни материјали директно со позитивна комуникација ги запознаваат туристите со потенцијалите на нашиот град.
Целта на акцијата е што поголем број странски, но и домашни туристи, да се запознаат со туристичките капацитети и природни богатства со коишто располага општина Гевгелија.

All rights reserved by Municipality of Gevgelija