АПРИЛИЈАДА 2024

И, годинава, Денот на шегата во Гевгелија беше одбележан традиционалната манифестација „Априлијада“, во огранизација на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија. На градскиот плоштад, продефилираа дечињата од детските градинки и учениците од основните училишта во Гевгелија. Пред голем број присутни, како и пред стручната жири-комисија којашто ги оценуваше групните маски, ги претставија креативните решенија- ликови од анимирани филмови за деца, разни предмети и тематски содржини.
Жири-комисијата во состав на м-р по уметности Мирјана Крстева Массетти, м-р по уметности Александар Јанев и наставничката по ликовна уметност, Адриана Манчева за најкреативни ги оцени групните маски „Изложба“ на V-г одделение од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија со освоено прво место, „Морски свет“ и „Колекција пролет / лето 2024“ на III-2 и V-2 од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со освоено второ место и „Едно капаче надеж“ и „Хармоникаши“ на дечињата од ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија и ПУДДГ „Ѕуница“.
„Априлијада 2024“ се реализираше во рамки на Програмата за работа на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, поддржана како културен настан преку Програмата на Општина Гевгелија за финансирање програми и проекти од областа на културата за 2024 година.

All rights reserved by Municipality of Gevgelija