ГЕВГЕЛИЈА ВО ПРЕДНОВОГОДИШНА И ПРАЗНИЧНА АТМОСФЕРА

ГЕВГЕЛИЈА ВО ПРЕДНОВОГОДИШНА И ПРАЗНИЧНА АТМОСФЕРА

Во Гевгелија, се почувствува предновогодишната атмосфера со украсувањето на градот. Имено, и оваа година, Општина Гевгелија се погрижи граѓаните, особено најмалите, да ја почувствуваат новогодишната магија. За таа цел, во централното градско подрачје и на повеќе јавни места се поставени украсени елки и светлечки фигури коишто ги симболизираат новогодишните празници.
Амбиентот, годинава, е збогатен и со Новогодишен базар во организација на Општина Гевгелија. На градскиот плоштад се поставени куќарки на коишто претставници од граѓанскиот сектор и локални производители имаат можност да ги промовираат и продаваат своите производи.
Секој ден различни производите на вкусна храна, топли пијалоци, рачни изработки локални прозибодите на мед се бидат дел од овој базар. Базарот започна со хуманитарната акција „Волшебна куќа на желби“ спроведена од Црвен Крст-Гевгелија и со Локалниот Младинкси совет на Општина Гевгелија кој го промовираше работењето на младинското тело. Новогодишниот базар кој е проследен со забавни содржини по повод Новата година е отворен Од 21ви Декември и ќе трае до 31 Декември.

All rights reserved by Municipality of Gevgelija