Градот полн со луѓе, децата радосни и насмеани, угостителските објекти полни, сместувачките капацитети без ни едно место, со еден збор, овој настан беше полн погодок за нашиот град!
Секоја чест на Атлетскиот клуб „7-ми Ноември” кој буквално даде се од себе за денешниот настан да помине во најдобар ред.
Со над 2.000 натпреварувачи од земјата и странство, како и над 550 учесници на детската и инклузивна трка, денешниот настан го зазема местото на најмасовен спортски настан во 2023 година. Годинава се одржа и првата инклузивна трка „Run together”, под покровителство на Фондацијата „Ице Бегов“.
Гевгелија како домаќин покажа дека нашиот град има огромен туристички потенцијал и спортски дух.