ГЕВГЕЛИЈА ЗА ПРВ ПАТ ГО ОРГАНИЗИРАШЕ „TASTE THE SOUTH"- ВИКЕНД ПОЛН СО ЕМОЦИИ, ЗАБАВА И ДРУЖЕЊЕ

Фестивалот TASTE THE SOUTH – „ВКУСИ ГО ЈУГОТ” во Гевгелија со богата музичка програма и голем број на учесници кои ја презентираа гастрономската понуда од нашиот град и регионот.
Над 8.000 посетители од Гевгелија и други градови три дена уживаа со добра музика, вино и храна. Одлична и успешна организација на настанот, прекрасно фестивалско дружење и забава за сите генерации.
TASTE the SOUTH Гевгелија допре до сите нас и е потврда дека на Гевгелија и требаше ваква културна манифестација. Неизмерна позитивна енергија отсликана во еден комплетен перформанс.
Гевгелија е препознатлива по квалитетните услуги во угостителските објекти, Гевгелија е препознатлива по добрата храна и пијалоци, гевгеличани се препознатливи по својата љубезност и затоа Фестивалот – „Вкуси го југот“ придонесе за туристичка aфирмација на нашиот град.

All rights reserved by Municipality of Gevgelija