МАТУРАНТИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА ГО ОДИГРАА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МАТУРСКИ ТАНЦ - КВАДРИЛ

На плоштадот во Гевгелија матурантите го одиграа традиционалниот танц квадрил, организиран под менторство на наставниот кадар од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија.
Плоштадот беше полн со млади лица кои тукушто започнуваат да чекорат по патеката на возрасните, патека исполнета со предизвици што ги носи животот. Во исто време на иста музика во различни градови танцуваат тие, генерациите што ќе го градат светот во иднина.
Со матурскиот танц матурантите пратија силна порака – да владее мир наместо насилство.

All rights reserved by Municipality of Gevgelija