Свети Трифун – Денот на лозарите и годинава во општина Гевгелија беше одбележан со повеќе манифестации и свечености на лозовите плантажи. Централниот настан се случи во црквата „Св. Петка“ во Прдејци, каде што, по традиција, се одржа црковна литургија.
На свеченоста, присуствуваа голем број верници и гости, меѓу кои и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. По црковната литургија, заедно со годинашниот кум на манифестацијата го закроија лозјето во црковниот двор. Сарамандов го честиташе Св. Трифун, посакувајќи плодна година на лозарите, како и здравје, среќа и бериќет на сите граѓани.