ПОВТОРНО СЕ РОДИ ДЕТСКИОТ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ „КАЛИНКА“ - ГЕВГЕЛИЈА БЕШЕ ПРЕСТОЛНИНА НА ДЕЦАТА, МУЗИКАТА И ИГРАТА

Интернационал детски музички фестивал „Калинка“ 2023. Гевгелискиот плоштад беше обвиен во детски џагор, радост, песни и насмевки. Како дел од програмските активности на фестивалот, пред Народниот театар во Гевгелија, децата имаа можност да се забавуваат заедно со изведувачи на повеќе акробатски точки.
Белегот кој фестивалот го има оставено во нашите срца, богатата традиција и генерациите кои пораснаа со него, беше главниот мотив за возобновување на оваа прекрасна традиција. Со негување на културата и тадицијата, создаваме правилни вредности за идните генерации.
Детскиот музички фестивал „КАЛИНКА“ се роди пред точно 31 година, во далечната 1992 во Гевгелија. Годинава по една деценија фестивалот повторно блесна на сцената во Народниот театар во Гевгелија.
Изведени беа 23 нови авторски песни од деца изведувачи, поддржувани со гласот на 33 хористи и сценски танцови изведби. Неделниот концерт беше посветен на поранешниот уметники директор и еден од основачите на Детскиот фестивал „Калинка“, Ѓорги Цуклевски.

All rights reserved by Municipality of Gevgelija