На овој голем ден за нашиот град се одржа Светата Божествена Литургија по повод големиот христијански празник Вознесение Христово – Спасовден.
Литургијата се служеше во манастирот „Св. Спас“и со неа чиноначалствуваа Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение со Митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј и Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков.
Нека овој празник во домовите на сите граѓани донесе мир, љубов и спокој.
ГЕВГЕЛИЧАНИ НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ ПРАЗНИКОТ СПАСОВДЕН!