Оваа година, Општина Гевгелија учествуваше на 44. Меѓународен саем за туризам во Белград, Република Србија, кој се одржа од 23 до 26 февруари. Директно беа остварени средби со голем број потенцијални и заинтресирани туристи.
Изминатиот период, локалната самоуправа заедно со сите чинители на туризмот во Гевгелија посветија посебен фокус за да Гевгелија го создаде својот туристички идентитет. Исто така, Гевгелија годинава беше единствената општина во Белград која се претстави со свое туристичко лого „Gevgelija Spice up the journey“.
Туристичкиот идентитет на Општина Гевгелија е основниот предуслов за поголема туристичка промоција на нашето поднебје и поголема искористеност на туристичките капацитети и потенцијали. Голем дел од изработените промотивни материјали, кои вклучуваат: маици, флаери, брошури, сувенири, магнети, беџови и промотивни торби, беа дел од понудата за овогодинешниот Саем.
Гевгелија е погранично место низ кое поминуваат голем број транзит туристи. Целта на Локалната самоуправа е заедно со туристичките чинители да привлече што поголем број посетители. А, на оние кои застануваат да им се понудат потенцијали да го продолжат својот престој.