Дојди во регионот што е крстосница на културите и народите, сместен во лулката на европската цивилизација. Во регионот на Гевгелија се пронајдени остатоци од различни периоди од праисторијата, тука поминале многу војски и живееле народи кои оставиле неизбришливи културни и историски траги, кои можеш да ги посведочиш и до денешен ден. Дојди и откриј го потеклото на овој крај!