Некропола од Железно време која била во интензивна употреба од крајот на VIII до пчетокот на V век пр.н.е. Тоа е некропола, една од двете градски некрополи на кои биле погребувани жителите на праисториската населба на Вардарски Рид. На некрополата Милци вршени се неколку заштитини истражувања во 1979, 1983 и 1997 год., и систематско ископување во организација на НУ Музеј – Гевгелија кое започна во 2011 год., и сѐ уште е актуелно. Во рамки на систематското ископување, досега се откриени 123 интактни гробни целини, чии гробен инвентар укажува на богата, културно и социјално изградена локална пајонска популација, која погребувањето на инхумираните покојници го обавувала во цисти подигнати од обработени камени плочи. Покрај досега откриени и објавени неколку значајни гробни целини се наоѓа и еден гроб (гроб 111) во која била погребана локална благородничка – “Принцезата од Милци” покрај која за прв пат е регистрирана култна палка, индикатор кој упатува на нејзиниот висок статус во локалната заедница. Во рамки на некрополата откриен е и еден богат војнички гроб (гроб 103), во кој во втората четвртина на V век пр.н.е., бил погребан висок воен званичник, најверојатно претставник на војската на Пердика II која ја предводела планираната политичка, културна и воена експанзија во правец на пајонскиот север. Северно над локацијата на Милци, на возвишението Богородичин Рид – Кофилак во XIII век пр.н.е., била формирана иницијална населба, која ја карактеризираат културни движни и недвижни остатоци на мала доцнобронзенодопска заедница. Со оглед на секундарна употреба на стратегискиот простор во времето на Балканските и Првата световна војна, голем дел од интакнтиот културен простор е уништен, а зањедно со него и остатоците од праисторискта урбанизација