Црквата „Свети Пантелејмон“ се наоѓа во селото Хума, сместена на падините на Кожуф Планина во југозападниот дел на општина Гевгелија. Црквата е изградена во XIX век и од оштетувањата на кровната конструкција и таванот, прилично се оштетени и фреските, иконите и внатрешноста на црквата. Мештаните, пред две децении, успеале да ја реновираат и сочуваат камбанеријата и извршат реконструкција на кровот и настрешницата на црквата . Посебно е важно да се нагласи и тоа што се вратени иконите во црквата, кои по напуштањето на селото биле сместени во Музејот во Штип. Познат е и фрескоживописот на црквата кој датира од времето на изградбата во XIX век. Во месец август, секоја година по повод христијанскиот празник „Свети Пантелејмон“, селската црква организира неделен курбан, на кој присуствуваат голем број граѓани од општината и пошироко.