Патоказ кон минатото

КУЛТУРНИ СПОМЕНИЦИ

Културни споменици

Културата на Гевгелија ја чуваат нејзините културни храмови како света должност и обврска која им се пренесува на сите следни генерации. Посети ги музеите, театарот, библиотеката, остатоците од старата филатура… Прошетај низ уличките на старата гевгелиска чаршија и влези во уметничката галерија Амам за да го откриеш османлиското минато на градот. Гевгелија е приказна без крај…

Белиот мост кај „Белиот рај“

На само 15 минути од село Миравци, во падините на Кожуф ќе го најдете излетничкото место именувано како „Бел Рај“. Миравци е рамничарско село сместено во северниот дел на Гевгелиско-валандовската котлина. Лоцирано е од десната страна на реката Вардар, на 110 метри надморска височина и на 24 km оддалеченост од Гевгелија.
Со самото пристигнување на локацијата ќе наидете на стар мост за кој се вели дека е изграден за време на отоманското владеење. Мештаните го нарекуваат „Бел Мост“, а во непосредна близина на мостот има изградено ресторан кој го добива името „Бел Рај“. Местото нуди и незаборавна можност за пливање во природни базени создадени од течение на река помеѓу карпи. Па освен што ќе бидете на чист планински воздух ќе имате можност и за капење. ( слика од терен што сликавте вие)

Народен театар

Изграден во Втората светска војна, на почетокот на педесеттите години на 20 век. Низ овој културен храм имаат продефилирано голем број домашни и странски театарски групи со свои претстави, а после пожарот на почетокот на деведесеттите години од минатиот век, повторно е реконструиран и ставен во функција на граѓаните.

Национална установа Музеј

Музејот во Гевгелија е основан во 1980 година, прво работи како Музејска збирка, потоа како Општински музеј, Народен музеј, па сѐ до формирање на Национална установа – Музеј „Гевгелија“ под покровителство на Министерството за култура при Владата на РМ. Во состав на овој музеј се наоѓаат и Амам, како објект со посебно културно историско значење од отоманскиот период, и Музејот на НОБ во селото Старо Коњско.

Библиотеката „Гоце Делчев“

Библиотеката „Гоце Делчев“ е сместена во центарот на градот. Куќата каде што е сместена Библиотеката, со својот лик претставува достоен репрезент на автентичната македонска архитектура. Изградена е во 1912 година, покрај препознатливата архитектура на македонска куќа од 19 век, таа поседува значајна колекција на оригинални дела, меѓу кои е и книгата „Огледало“ на авторот Кирил Пејчиновиќ. Библиотеката започнала со работа во 1945 година со почетен фонд од 500 книги, а денес книжевниот фонд е многу зголемен, над 70.000 книги, со 1.000 томови весници и списанија и околу 400 ретки книги.

Филатура

Филатурата се наоѓала во центарот на градот, а денес од неа останал само еден мал дел со еден од оџаците, кој е ставен под заштита на културни споменици на Република Северна Македонија.
Тука се вршел откуп на свилени кожурци и точење на свилениот кожурец во свилен конец, производ кој се добивал од свилените буби кои се одгледувале во многу населени места во регионот.

Старата чаршија

Музејот во Гевгелија е основан во 1980 година, прво работи како Музејска збирка, потоа како Општински музеј, Народен музеј, па сѐ до формирање на Национална установа – Музеј „Гевгелија“ под покровителство на Министерството за култура при Владата на РМ. Во состав на овој музеј се наоѓаат и Амам, како објект со посебно културно историско значење од отоманскиот период, и Музејот на НОБ во селото Старо Коњско.

Уметничка галерија АМАМ

Уметничка галерија АМАМ се наоѓа во центарот на градот Гевгелија. изграден е во почетокот на 19 век. Единствен зачуван објект од отоманската архитектура во Гевгелија, од крајот на 19 век, е градскиот Амам. Објектот е ставен под заштите на државата заклучно со 31 декември 2003 година, врз чија основа е прогласен за Споменик на културата. По фасадирањето, поставувањето на нов покрив при што куполите беа обложени со бакар и уредувањето на внатрешниот дел до 2012 година, Амамот е трансформиран во уметничка галерија, чија основна дејност е фокусирана кон презентација и популаризација на гевгелиската современа ликовна уметност. Со реконструкцијата, зачуван е неговиот доминантен и првичен изглед со две куполи, една мала и друга голема, обложени со бакар, со главна одаја, каде што била сместена и турската бања со огромен централен мермерен постамент и странични седела и со мала приемна одаја.

All rights reserved by Municipality of Gevgelija