Гурманска оаза

ЛОКАЛНИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ

Локални специјалитети

Вкуси ги специјалитетите кои отсекогаш се приготвувале на ова тло и стани дел од локалната традиција. Научи ги тајните на највкусното слатко од смокви, традиционалниот ајвар, питите што го заземаат централното место на секоја гевгелиска трпеза, мастиката со која се наздравува и кога нема повод… Дозволи си вистински гурмански празник!

Домашни манџи

Амам балма

Ова јадење се состои од Свинско месо, масло, вода, кромид, компири, моркови, домат, бамји, модар патлиџан, магданос, црвен пипер, црн пипер, сол, мешан зачин.
Традиционално македонско јадење кои потекнува од југот. Топлата клима го дава оној посебен и традиционален вкус на добар плод. Кога веќе го имаме она кое ни е потребно ова јадење а изгледа совршено на вкус и изглед треба да го приготвиме. Најпрво го подваруваме месото, околу половина час. Во масло го ставаме подвареното месо да се пржи. Кога веќе месото е готово го тргаме на страна, а во истото масло ставаме да се пропржат главиците кромиц, компирите, морковите, пиперките, бамјите и модриот патлиџан. Кога малку ќе пропржат сите заедно ги дадаваме и доматите. Во една правоаголна тава испрзеното место и испржениот зеленчук ги ставаме во рерна во која ги дадаваме и зачините. Се печат од 2 до 2-1/2 на 200С, а од кога ке почне да вари се намалува на 170С. Сервирајте и пробајте го овој македонски спрецијалитет.

Долма – полнети пиперки

Ова јадење се состои од пиперки, ориз, мелено месо, морков, црвен и црн пипер, домат и компир.
Долмата е јадење кое преставува вид манџа и се користи како главно јадење. Како главна карактеристика на ова јадење се пиперките кои го дават оној стар и традиционален македонски вкус. Главна каректаристика е тоа што неможеш да оддолееш на вкусот, секој кој ја посетил Гевгелија, не заминал без да го вкуси овоа традиционално јадење. Во тава со загреано масло, ставаме ситно сецкан кромид и ситно сецкан морков да се запржат додека не омекнат. Потоа го додаваме меленото месо, а по неколку минути и оризот да се запржи заедно со сите состојќи, зачинуваме со црн и црвен пипер. Откако смесата ке биде готва во правоаголна тава се полнат пиперките и се затвараат со кругови компири, а коцки компири ставаме и внатре во пиперките. Ги редиме пиперките во тава, ги налеваме со вода и ги ставаме во рерна. Кога водата ке испари спрецијалитетот е готов, сервирањето може да започне. Овој специјалитет може да го пронајдете во "Серменински Чардак".

Блустер сарма

Сармата е едно од најпознатите македонски традиционални јадења. Може да се подготви со зелка пресна или кисела, со лозов лист или.... листови од штавел, сарма која е позната во гевгелискиот регион како блустер сарма! Процедурата за подготовка е иста иста како и кај обичната сарма но тука вкусот е единствен, магичен.

Две глави кромид ситно се сецкаат и се пржат во малку масло. Пред да почне да се вцрвенува кромидот се додава половина кило мелено месо кое најдобро е да биде 70% телешко и 30% свинско. Се пржи околу десетина минути додека месото не ја изгуби црвената боја и постојано се меша за да кромидот и месото добро се соединат. Потоа во тавата се додава една шоља ориз и се пржи уште 5-6 минути. Смесата се зачинува со бибер, сол и малку буковец по желба.

Виткање на сармите. Листовите штевел се приготвуваат така што им се одстранува тврдиот дел. На еден лист се ставаат по две супени лажици од меленото месо и се виткаат сармите. Потоа сармите се редат во тенџере во кое на дното има ставено листови од штевелот. Тенџерето се налива со вода додека сармите не се потопат со вода. Се вари еден час на тивок оган. Сармите потоа можат да се потпечат во релна или да се сервираат веднаш после варењето.

Дроб сарма

Дроб сармата e резервирана за големите гурмани на јагнешко месо!

Направена е од сецкан јагнешки црн дроб и ориз, прелиен со солена крема од јајца и кисело млеко. Некои ја подготвуваат по традиционалниот рецепт така што смесата ја виткаат во марамица, но поради брзиот живот поголемиот дел од домакинките ја прават таканаречената “растурена дроб сарма”... малку мамат но вкусот е исто незаменлив!

Мезе

Ако сакаш да ги вкусиш најсочните домати и пиперки, тогаш мора да дојдеш во рајската котлина што е позната по врвното раноградинарско производство. Пробај ги свежи и дознај која е разликата меѓу грчка и македонска салата. Откриј и зошто преработеното овошје и зеленчук во гевгелиските претпријатија се најбарани продукти во македонските и регионалните маркети. Тајната е во сонцето :)

Пржени пиперки полнети со урда

Одличен домашен рецепт за мезе, присутен на секоја гевгелиска гозба дома или во кафана!
Едноставно... незаменлив!

Полнет модар патлиџан

Модрите патлиџани се честа појава на секоја гозба во Гевгелија. Пржени со лукче, магдонос и оцет, поховани на ленти или кругчиња... но, ова е вистинското мезе од модар патлиџан!

Печен модар патлиџан наполнет со ситно сецкан црвен гевгелиски домат, рендено сирење и многу магдонос... мезе и за ручек и за вечера!

Десерти

Слатко од смокви

Слаткото од смокви и чаша вода – од памтивека претставувало добредојде во секој гевгелиски дом. Така, било некогаш, така е и денес. Смоквата со години е познат бренд на Гевгелија. Нема гостин кој навратил во Гевгелија а да не замине со торба полна смокви, било свежи било преработени како слатко. Гевгеличани знаат да кажат дека понудата за слатко од смокви во Македонија е голема, но гевгелиското слатко од смокви е најдоброто. Тајната била во рецептот кој се чува со генерации, но сепак најважни биле смоквите кои во овој дел од државата имаат поинаков вкус поради самото поднебје и големиот број сончеви денови.

All rights reserved by Municipality of Gevgelija