Зачини го патешествието со...

Иако е мал град, Гевгелија ќе те изненади со својот пулсирачки и возбудлив културно-забавен живот. Биди дел од традиционалните културни настани, модерните случувања, фестивалите, културните манифестации или пак, вибрантниот ноќен живот и шармот на казината. Биди едно со духот на градот и луѓето што живеат во него! Чувствувај се како дома!

ИГРИ НА СРЕЌА

Гламур и адреналин

Ако сакаш да си ја пробаш среќата и да се забавуваш, гевгелиските казина се вистинскиот избор за тебе. Подготви се за најновото и најдоброто од електронските игри за среќа, слот машини од најдобрите светски брендови, блескави покер маси и вртоглави џекпот премии. Сето тоа зачинето со многу музика и забава!

НОЌНИОТ ЖИВОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Фати го ритамот на градот

Сакаш да знаеш каде се забавуваат локалците и да го почувствуваш вистинскиот дух на Гевгелија? Тогаш чувај една саботна вечер за De Facto и забавувај се до рано наутро. Доколку сакаш по-chill атмосфера, тогаш смести се во некое од прекрасните кафулиња низ градот и уживај во добро кафе или коктел. Бројните ресторани пак, ќе те воодушеват со традиционалните македонски и медитерански специјалитети, подготвени со врвна умешност и љубов. Ќе дознаеш зошто Гевгелија е уживање од прв до последен момент.

НАСТАНИ И КУЛТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ

Запознај ја душата на градот

Гевгелија постојано ја збогатува својата културна понуда со нови настани! Зависно од тоа во кој дел од годината ќе ја посетиш, можеш да уживаш во разни фестивали, изложби, промоции, претстави. Градот е надалеку познат по фестивалот БОШ, карактеристичен по својата фузија од уметности: музиката, театарот, поезијата и филмот. А ако сакаш да уживаш во нешто автентично и изворно, дојди на Смоквијада и вкуси ги најдобрите традиционални специјалитети со гевгелиски смокви. Едно е сигурно, ќе се забавуваш до максимум!

All rights reserved by Municipality of Gevgelija