Запознај ја душата на градот

НАСТАНИ И КУЛТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ

Настани и културни манифестации

Гевгелија постојано ја збогатува својата културна понуда со нови настани! Зависно од тоа во кој дел од годината ќе ја посетиш, можеш да уживаш во разни фестивали, изложби, промоции, претстави. Градот е надалеку познат по фестивалот БОШ, карактеристичен по својата фузија од уметности: музиката, театарот, поезијата и филмот. А ако сакаш да уживаш во нешто автентично и изворно, дојди на Смоквијада и вкуси ги најдобрите традиционални специјалитети со гевгелиски смокви. Едно е сигурно, ќе се забавуваш до максимум!

 

• Погледнете го календарот на сите културни настани и фестивали (pdf)

Фестивали

„7-ми Ноември“

Категорија:

општествено-културнa манифестација

Период на одржување:

7,8 ноември

Локација

Гевгелија чаршија, Гевгелија

7-ми Ноември e празникот на градот кога се одбележува Денот на неговото ослободување. Чествувањата по тој повод траат неколку дена и тогаш градот дише во ритамот на бројни случувања: музички перформанси, поетски читања, спортски трки, изложби...

November Run!

Категорија:

Спортски настан

Период на одржување:

5,6 ноември

Локација

Гевгелија

Трката секоја година се одржува во првиот викенд од месец Ноември.
Секогаш во сабота се одржува детската трка за деца до 12 години а во Недела се одржуваат две трки на 10 и 5 километри на која учествуваат повеќе од 1.000 тркачи.

Ова е најголем спортски настан од овој тип во овој регион!

„Бош фестивал“

Категорија

културно уметничка манифестација

Период на одржување:

2-4 Септември

Локација

Стара чаршија, Гевгелија

контакт/линк:

070/262-342

БОШ ФЕСТИВАЛ секогаш го носи најновото и најквалитетното од областа на културата: изложби, инсталации, видео-перформанси, театарски претстави, филмски проекции, цртање на мурали, поетски читања, концерти, работилници. Откриј зошто БОШ е настан за кој живее младата, културна и авангардна Гевгелија.

Христијанскиот празник „Свети Спас“ – Христово Вознесение

Категорија:

општествено-културнa манифестација

Локација

Гевгелија

Христијанскиот празник „Свети Спас“ – Христово Вознесение е голем христијански празник и значаен ден за верскиот живот во Гевгелија. Токму најстарата црква во градот, изградена во 1842 година го носи името „Вознесение Христово“ попозната како „Свети Спас“.

Христијанскиот празник „Водици – Богојавление“

Категорија:

христијански празник

Период на одржување:

9ти Јануари

Локација

мост на река Вардар Гевгелија

Христијанскиот празник „Водици – Богојавление“ е посебен ден за сите христијански верници во Гевгелија. На овој ден (19 јануари), секоја година се случува традиционалното пливање по чесниот крст во осветените води на Вардар. Се верува дека тој што ќе го пронајде крстот ќе биде благословен со среќа, здравје и благосостојба.

Народната традиционална манифестација „Ѓура Мара“

Категорија:

културнa манифестациja

Период на одржување:

25, 26 април

Локација

с. Миравци, Гевгелија

контакт/линк:

070/218-536

Ако сакаш автентично локално искуство, посети ја традиционалната манифестација „Ѓура Мара“ во гевгелиско Миравци која се одржува на третата вечер од православниот Велигден. Оваа манифестација која изобилува со фолклорна музика и танци го симболизира непокорот на македонскиот народ во периодот на турското владеење, преку грабнувањето на убавата мома Мара, за чие спасување нејзиниот брат го жртвувал животот. По традиција, орото на „Ѓура Мара“ го играат само девојки и повозрасни жени кои не дозволуваат да заигра маж.

Манифестацијата „Смоквијада“

Категорија:

фестивал на смоквата (натпревар)

Период на одржување:

јули-август

Локација

Гевгелија

контакт/линк:

070/222-407

Вистински гевгелиски бренд посветен на превкусните гевгелиски смокви. Погледни како се одвива натпреварот во варење слатко од смокви и уживај во богатата културно-уметничка програма со фолклорното дефиле на ансамбли од целиот Балкан!

Поетско музичката вечер „За тебе лубов моја“

Категорија:

поетско-музичката манифестација

Период на одржување:

8-ми Март

Локација

хотел „Аполонија“ Гевгелија

Поетско музичката вечер „За тебе лубов моја“ e празник на љубовта, поезијата и музиката. Се одржува на Денот на жената - 8 Март во хотелот „Аполонија“ и им нуди оригинално доживување на сите присутни вљубеници во уметноста.

„Априлијада“

Категорија:

културно-забавна манифестација

Период на одржување:

1ви Април

Локација

плоштад Гевгелија

контакт/линк:

078/286-938

„Априлијада“ или Денот на шегата е денот што со нетрпение го очекуваат најмладите жители на Гевгелија. Ако тогаш се прошеташ низ градот, ќе го видиш нивното шарено и разиграно дефиле под маски. Цела Гевгелија тогаш излегува надвор да им се израдува на искрените и широки детски насмевки.

„Гевгелиско културно лето“

Категорија:

поетско-музичката манифестација

Локација

Гевгелија

контакт/линк:

071/251-633

„Гевгелиско културно лето“ е топол културен бран што на Гевгелија ѝ носи бројни драмски претстави, промоции на книги, поетски дружби, изложби на фотографии, концерти на духовна и класична музика... И во текот на летото, Гевгелија живее и дише за културата.

Меѓународната ликовна колонија „Аполонија“

Категорија:

културно уметничка манифестација

Меѓународната ликовна колонија „Аполонија“ е одраз на децениската уметничка традиција на Гевгелија. Уживај во уметноста на докажани уметнички имиња, но и претставници на помладата генерација ликовни творци на заедничката изложба која е круна на нивното десетдневно уметничко творештво.

All rights reserved by Municipality of Gevgelija