Зачини го патешествието со ...

Во последната деценија, Гевгелија прерасна во регионален центар за здравје и убавина. Термалните бањи, спа центрите, најсовремените салони за убавина и модерните стоматолошки ординации ја прават привлечна дестинација за туристите од Македонија и странство. Почувствувај ја и ти убавата страна на Гевгелија.

Термални бањи

Стопли ја душата

Почувствувај ја лековитата моќ на гевгелиските термално-минерални води! Во подножјето на Кожув, меѓу ретката и богата јасенова шума, ќе ги откриеш Негорските бањи. Посети го овој модерен здравствен и туристички ценар што нуди третмани и рехабилитација или само одмор и рекреација во модерните хотелски капацитети! Опкружи се со природата и дозволи си незаборавна релаксација!

Спа центри

Релаксирано уживање

Сакаш малку мир и време за себе? Пауза од брзиот живот и стресот? Спа центрите во Гевгелија ти нудат вистинско опуштање на телото и разгалување на сите сетила! Доживеј зен и хармонија со масажи, посета на сауни, топло џакузи и останати најсовремени велнес услуги! Релаксацијата ти е на дофат во Гевгелија!

Стоматолошки ординации

Задржи ја убавината на насмевката

Гевгелија ќе ти изнуди убава насмевка! Градот е познат како еден од стоматолошките центри во регионот. Тука ќе пронајдеш врвни стоматолошки клиники кои нудат комплетна стоматолошка заштита, почнувајќи од превентивни постапки за спречување на болести на забите и устата, лекување на сите заболувања на забите и меките ткива и козметички и естетски процедури со дизајнирање на насмевката. Насмеј ѝ се на Гевгелија!

All rights reserved by Municipality of Gevgelija