Релаксирано уживање

СПА ЦЕНТРИ

Спа центри

Сакаш малку мир и време за себе? Пауза од брзиот живот и стресот? Спа центрите во Гевгелија ти нудат вистинско опуштање на телото и разгалување на сите сетила! Доживеј зен и хармонија со масажи, посета на сауни, топло џакузи и останати најсовремени велнес услуги! Релаксацијата ти е на дофат во Гевгелија!

Apollonia Spa center

Локација:

Гевгелиски Партизански одреди бр.1

Работно време:

?

Контакт:

+38934213300

Во срцето на Гевгелија, во Аполонија Хотел, Ве очекува нашиот Центар за убавина. Опуштете го телото и разгалете се дозволувајќи си уживање во сите услуги кои ги нудиме: направете освежувачки третман за лице, релаксирачка или терапевтска масажа, искорисеце цел пакет за убавина. Третмани за коса, за нокти, стапала, маникир и педикир или пак професионална шминка.
Грижете се за Вашето тело, и Вашето тело ќе се грижи за Вас!

Фламинго Спа центар

Локација:

Граничен премин Богородица бр.13

Работно време:

?

Контакт:

+38934210210

Фламинго Спа центарот има ориентална атмосфера и карактер, кој ќе Ве однесе во светот на зен, хармонија и ослободување. Има целосно опремени соби за голем број третмани на тело и лице, пилинзи, ароматерапија,разновидни масажи, рефлексологија и шиатсу. Третманите за релаксација, слабеење и против стареење имаат долготрајни резултати, а дренажата и масажите на лице и скалп ќе Ве ослободат од притисокот. Исто така нудиме и специјални третмани наменети за мажи и тинејџери. Фламинго СПА центарот Ви го гарантира најдоброто за Вашата фризура, стил и боја. Воедно имаме и професионални маникир и педикир третмани. Во Спа центарот сигурно ке добиете персонализирано доживување кое ќе Ви го обнови внатрешниот мир и рамнотежа.

Paint it black hotel SPA & WELLNESS CENTER

Локација:

Деко Ковачев бр.3, Гевгелија

Работно време:

секој работен ден 10h – 20h

Контакт

+38971242817

Добредојдовте во магичниот свет на Paint It Black Wellness & Spa. По вашиот напорен ден опуштете се во парната бања, финската сауна, солената соба, топлите кревети и џакузито и одберете масажа по ваша желба.
Нека вашата релаксација биде онаква каква што заслужувате.

Ramada Plaza SPA & WELLNESS CENTER

Локација:

граничен премин Богородица , Гевгелија

Работно време:

Пон-Пет 10h – 22h, Викенд 08h-22h

Контакт

+38934219500

Подмладете се, искусете спокојство и обновете го вашето тело и дух додека престојувате во Ramada Plaza by Wyndham Гевгелија. Уживајте во широката палета на релаксирачки пакети: вклучувајќи масажи, третмани за лице и кожа, тело и третмани за слабеење, депилација, маникир и педикир, третмани за коса, професионална шминка. Спа и велнес тимот ве поканува да влезете во светот на релаксирачкото задоволство и оставете го вашето тело да ужива. Ве покануваме на луксузно бегство, релаксација задоволства и ја гарантираме вашата благосостојба.

Spa sky hotel

Локација:

Работно време:

Контакт:

??????????

All rights reserved by Municipality of Gevgelija